Извештај од анализата на македонскиот пазар за EE реновирање на домовите

За да се оценат потребите и побарувачката за услуги, две истражувања беа дизајнирани и спроведени во периодот февруари-март 2025 година за да се идентификуваат клучните мотивации и предизвици во планирањето на енергетски ефикасни инвестиции. Едната анкета е насочена кон домаќинствата кои веќе имплементирале мерки за енергетска ефикасност , додека другата анкета  обезбеди преглед увид од домаќинствата кои планираат да ги имплементираат мерките за ЕЕ.

Истражувањето на страната на понудата обезбеди сеопфатен преглед на пазарот и да ги идентификува сличностите во услугите што ги нудат компаниите во градежниот сектор, пазарот на обновлива енергија за домување и бизниси специјализирани за реновирање на прозорци и врати, координација на реновирање и надградба на системот за греење и ладење. Резултатите од истражувањето нагласуваат сличности меѓу достапните услуги на македонскиот пазар кои се усогласуваат со целите и барањата на проектот.

Во Извештајот вклучена е листа на идентификувани потенцијални партнери за испораката на интегрирани услуги за реновирање на домовите.