Потпишан меморандум со Општина Куманово

Во рамките на проектот „OSS Habitat“, Хабитат Македонија и Општина Куманово Потпишаа Меморандум за соработка. Со ова Куманово и официјално се вклучи во активностите на проектот кој ќе овозможи реновирање на станбени згради со мерки за енергетска ефикасност на подрачјето на општината. Врз основа на меморандумот, Општина Куманово ќе покрие 30% од трошоците за енергетски ефикасно реновирање на станбените згради, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата за секоја одобрена апликација. Граѓаните на Куманово повеќе информации за можноста за реновирање на своите домови во рамките на проектот можат да добијат од веб страницата на Општина Куманово, на следниот линк