ПОДДРЖАН ОД ПРОГРАМАТА LIFE НА ЕУ, КРЕИРАН И КООРДИНИРАН ОД МАКЕДОНСКИ КОНЗОРЦИУМ, ПРОЕКТОТ OSS HABITAT ИМА ЗА ЦЕЛ ДА СОЗДАДЕ СИСТЕМ ОД СЕДУМ КЛУЧНИ УСЛУГИ КОИ ЌЕ ИМ ПОМОГНАТ НА ПРИБЛИЖНО 5.000 ГРАЃАНИ ДА ЈА УНАПРЕДАТ ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА СВОИТЕ ДОМОВИ.
Завршени активности
До 31. 12. 2025 година, во рамки на проектот се подготвени 16 клучни документи неопходни за креирање на одржлив систем на интегрирани услуги за енергетски ефикасни домови. Документите се подготвени со активно вклучување на партнери од сите засегнати страни: граѓаните сопственици на индивидуални куќи и станови, заедниците на станари, бизнис заедницата од областа на градежништвото, енергетските контролори и експерти, националните институции, финансиските институции и пилот-општините Карпош, Куманово и Кочани.
Реализирани се 5 настани од кои три со активно учество на партнерите и претставниците на засегнатите страни.
Во целост се реконструирани 5 станбени објекти во Општина Карпош со примена на мерки за енергетска ефикасност.